Руски авиони-ловци влегле во воздушното пространство на Јапонија?

Обвинувања од Јапонија за нарушување на нејзиното воздушно пространство.

Генералниот секретар на кабинетот на министри на Јапонија, Јосихиде Суга, оцени дека овој инцидент, кој се случи на 7 февруари, заслужува „жалење“, бидејќи, според јапонската страна - два руски авиона го нарушиле јапонското воздушно пространство. Во врска со ова, МНР на Јапонија упати протестна нота до руската страна.

И покрај тврдењата на јапонската страна, Министерството за одбрана на Руската Федерација ги негира овие извештаи за нарушување на границата. „Летовите на морската авијација во овој регион се изведуваат строго во соодветство со меѓународните правила за користење на воздушниот простор, без нарушување на границите на другите држави“, изјави официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

Според податоците на Министерството за одбрана на Јапонија, два руски авиона Су-27, на 7 февруари во 14:59 по локално време прелетале над Јапонското море и околу една минута се наоѓале во јапонското воздушно пространство. Како одговор на тоа, јапонските воздушни сили ги активирале своите ловци F-2. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња