Продажбата на увозен алкохол го достигна максимумот во Русија

Русија престана да биде „златна кокошка“ за водечките светски производители на алкохол.

Русија престана да биде „златна кокошка“ за водечките светски производители на алкохол. Како што покажуваат податоците од Федералната царинска служба, во 2012 година големата тројка играчи - Diageo, PernodRicard и Bacardi - почнале да го губат својот дел во основните категории алкохол, а во некои сегменти, дури и им се намалувале физичките количества на продаден алкохол. Оваа тенденција е поврзана со наситеноста на рускиот пазар и намалувањето на растот на доходите на населението.

Последните години беа време на бурен раст на увозот на алкохол во Русија. Виски, рум, текила, џин - продажбата на сите овие пијалаци годишно растела за 50-60%. Некои западни експерти сметале дека тоа е доказ дека русите се откажуваат од вотката и преминуваат на странските пијалаци. Руските експерти се повнимателни во оценките, укажувајќи дека основните причини за зголемување на интересот за увозниот алкохол станале, од една страна, растот на доходите на населението, а од друга - намалувањето на цените од страна на продавачите.

Најверојатно 2012 година е последна година кога увозниците на алкохол во Русија демонстрирале позитивни показатели.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња