Нуклеарната физика е најцитирана област во руската наука

Соработниците во руските научни институти, кои работат во областа на нуклеарната физика и физика на елементарни честички - станаа лидери во списокот на цитирани статии.

Соработниците во руските научни институти, кои работат во областа на нуклеарната физика и физика на елементарни честички - станаа лидери во списокот на цитирани статии.

Од 2001 година, на сајтот scientific.ru работи проект „Кој е кој во руската наука“, каде се објавуваат секоја година ажурирани списоци на најцитираните руски научници. Еден од списоците кои се создаваат во проектот е листа на руски научници, чии дела се повеќе од 100 пати цитирани за последниве 7 години.

Првите две места на овој рејтинг го заземаат истражувачите на графен - лауреатите за Нобеловата награда - Андреј Гејм и Константин Новоселов, кои работат на Универзитетот во Манчестер. Од првите сто луѓе во списокот кои работат во руските институти, 87 се занимаваат со нуклеарна физика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња