Московски службеник отпуштен поради „чистење“ на снегот со Фотошоп

Некои службеници со итрост сакаат да ја занемарат својата должност.

Претседателот на управата на московскиот реон Северно Орехово-Борисово, кој рекол дека снегот е исчистен во реонот, поткрепувајќи го тоа со фотографија обработена на Фотошоп - е отпуштен од своето работно место. Таа одлука ја потпишал градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Кон крајот на јануари, Јуриј Урсу напишал жалба на порталот на градската управа на Москва за состојбата со снегот на пешачките патеки, кои, според неговите зборови, од почетокот на зимата ниту еднаш не се исчистени. На 1 февруари добил одговор кој го потпишал претседателот на управата, Ледонид Богатирев, во кој тврди дека снегот е исчистен.

Во писмото е пратена фотографија на исчистена патека, на која блогерот веднаш забележал трагови од Фотошоп. Забележал дека не само што е „исчистен“ снегот, туку и графитите на ѕидот. Оваа случка предизвика големо внимание во јавноста. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња