Премиерот Дмитриј Медведев им го честиташе на научниците Денот на науката. Претседателот на владата истакна дека руските научници секогаш се наоѓале на водечките позиции не само од научно-техничка, туку и од општествена гледна точка, а трудовите на истакнатите руски мислители сегаш биле пред своето време.
„Достигнувањата на современите млади научници и нивните технолошки иновации немаат свои аналози во светот - тоа е сјаен пример за тоа со колкав интелектуален потенцијал располага нашата земја. Денес Русија решава стратешки задачи поврзани со иновациите. Таа задача зависи од вашиот интелект и иновацискиот пристап, талентот и работата“, стои во честитката.
Денот на науката во Русија се одбележува секоја година на 8 февруари. на тој ден во 1724 година, Петар Велики потпишал указ за создавање на Руската академија на науки, која првоначално се нарекувала Академија на науките и уметностите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче