Предлогот на вице-премиерот Дмитриј Рогозин, спикерот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко и шефот на Централната изборна комисија, Владимир Чуров - да се подигне прашањето за преименувањето на градот Волгоград во Сталинград - не најде поддршка ниту во градот, ниту во администрацијата на претседателот. Во почетокот на февруари било предложено да се изврши референдум по тоа прашање, но сепак, идејата била прогласена за историски и економски нецелисходни.
Извори во администрацијата на претседателот кажуваат дека идејата за преименување на градовите треба да биде историски основана.
Според зборовите на претставник од администрацијата на претседателот „тоа треба да го решат локалните жители. но да се менува името денеска е економски нецелисходно. Регионите треба да се занимаваат со реалните проблеми, а не со преименување на своите градови“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче