Почна продажбата на билетите за Олимписките игри во Сочи

На 7 февруари започна продажбата на билетите за Зимските олимписки игри во Сочи.

На 7 февруари започна продажбата на билетите за Зимските олимписки игри во Сочи. Секој заинтересиран може да купи билет на официјалната интернет-страница Сочи-2014.

Се очекува најскапите билети да чинат околу 40.000 рубљи (околу 61.000 ден.) - толку чина најскапите места за финалето на турнирот по хокеј за мажи. Како што ќе се приближува датумот на одржување на Олимпијадата, оваа цифра сѐ повеќе ќе расте.

За неколку спортови има голема побарувачка на билети. Тоа посебно се однесува на хокејот, уметничкото лизгање и церемонијата на отворањето на Олимписките игри. Воведен е лимит од четири билета „во една рака“ за отворањето, додека за останатите натпревари - осум билети. Притоа, бројот на билети во една нарачка не смее да надмине 50.

Продажбата ќе заврши во март идната година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња