Москва смета дека примената на санкции во однос на Иран е неефективна и опасна политика, изјави шефот на Одделот за информации и печат при МНР на Русија, Александар Лукашевич.
„Таквата политика ја покажа својата неефективност. Ние повеќепати кажуваме дека тоа не само што создава големи економски тешкотии, кои, пред сѐ, паѓаат на грбот на населението... туку и го усложнува политичкото регулирање на проблемот, го усложнува процесот на преговори“, забележа Лукашевич.
САД и неколку други земји од Западот и Израел, го обвинуваат Иран за создавање нуклеарно оружје под маска на програмата за употреба на нуклеарната програма во мирни цели. Моментално има околу четири резолуции, кои ги регулираат санкциите кон Иран. САД воведоа нови санкции, насочени кон намалување на доходите на републиката од продажбата на нафта, а исто така и воведување мерки против иранската државна телекомуникациска компанија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче