Кампус вреден 3 милијарди долари ќе биде изграден недалеку од Москва пред одржување на Светкиот куп во 2018 година

Милијардерите ќе поддржат изградба на нов студентски кампус.

Нов кампус вреден 3 милијарди долари, кој ќе го комбинира образованието и спортот, ќе биде изграден недалеку од најактивниот аеродром во Москва, Домодедово. Оваа вест ја пренесува Комерсант. Кампусот ќе се состои од згради на петте водечки руски универзитети, ќе има површина од преку 40 хектари, и ќе понуди сместување за преку 3.000 студенти.

Околу една милијарда долари ќе дојдат од буџетот, додека остатокот од парите ќе дојдат од најбогатите луѓе во Русија - Виктор Векселберг, Олег Дерипаска, Михаил Прохоров и Петар Авен. Сите тие се членови на Руското географско друштво, возможен спонзор на иницијативата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња