Јандекс се најде на четвртото место во светот според бројот на пребарувања

Јандекс руши нови рекорди.

Рускиот систем за пребарување, „Јандекс“, се најде на четвртото место во светот според бројот на обработени барања за пребарување, претекнувајќи го сервисот на компанијата Microsoft, и наоѓајќи се само зад Google, Baidu и Yahoo. Овие податоци ги наведува аналитичката компанија ComScore.

Според статистиката, рускиот пребарувач го претекна својот конкурент од Microsoft (Bing) уште во ноември, а во декември го зацврсти своето лидерство. Според податоците на ComScore, во декември имало 4,84 милијарди пребарувања во „Јандекс“, додека Microsoft имал 4,48 милијарди.

„Јандекс“ е водечки пребарувач на рускиот пазар, заземајќи околу 60% од пазарот. На второто место е Google, со околу 26% од пазарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња