Индиската полиција ќе се вооружи со руски хеликоптери

Индија продолжува со набавките на оружје од Русија.

Русија ќе ѝ испорача на индиската полиција 12 хеликоптери Ми-17В-5. МВР на Индија треба да добие три хеликоптери со VIP конфигурација, и девет хеликоптери кои ќе ги користи крајбрежната полиција. Ова беше соопштено од шефот на „Рособоронекспорт“ на прес-конференцијата во првиот ден од работата на Меѓународната авио-космичка изложба „Аеро-Индија-2013“ во градот Бангалор.

Претставник на „Рособоронекспорт“, исто така, соопшти дека Русија ќе учествува во тендерот за испорака на мултифункционални хеликоптери за Воено-морските сили на Индија. Во тендерот, од руската страна ќе учествува хеликоптерот Ка-226.

Ми-17 - е модификација на Ми-8, наменета за извоз. Модификацијата Ми-17В-5 се создава во соодветство со барањата на индискиот нарачател. Ка-226 - е најновиот мултифункционален хеликоптер со коаксијални ротори. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.