Во Русија е создаден нов навигациски систем за хеликоптери и авиони

Поголема безбедност за авионите и хеликоптерите.

Специјалистите на Улјановскиот државен технички универзитет и конструкторското биро за инструменти, создадоа пилотско-навигациски систем, кој дозволува да се задржи управувањето со авионот, дури и ако откажат сите навигациски системи. Се соопштува дека резервниот систем може да работи четири часа во автономен режим.

Новиот навигациски систем, исто така, ќе дозволи да се подобри ергономијата во кабините на авионите или хеликоптерите, да се употребат современи технологии при проектирањето на авионите или хеликоптерите, како и да се намали цената на опремата во кабината.

Се планира овој систем во големите авиони да се користи како резервен систем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња