Валериј Гергиев на чело на оркестарот на Минхенската филхармонија

Рускиот диригент Валериј Гергиев ќе дојде на чело на Минхенскиот филхармониски оркестар.

Рускиот диригент Валериј Гергиев ќе дојде на чело на Минхенскиот филхармониски оркестар. Тој на оваа должност е избран со повеќето гласови од советот на германскиот град Минхен.

„Валериј Гергиев е еден од современите диригенти кој има неверојатна харизма. Неговата „музичка магија“, неверојатната живост – му гарантираат на нашиот оркестар иднина полна со полет и креативност. Драго ми е за тоа и сум горд на одлуката на градот“, изјави директорот на минхенскиот оргестар, Ханс-Георг Киперс.

Гергиев ќе дојде да работи во Минхен во 2015 година на местото на сегашниот диригент Лорин Мазел.

Валериј Гергиев од 1996 година е уметнички директор на Маринскиот театар во Санкт Петербург. Од 2007 наваму истовремено е постојан диригент во Лондонскиот симфониски оркестар. Доделени му се титули „Народен уметник на Русија“ и „Почесен граѓанин на Санкт Петербург“. Носител е на одликувања „За заслуги пред татковината“ од III и IV степен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња