Американската агенција „Блумберг“ ја објави листата на земјата со најголем иновациски потенцијал во светот. Русија се најде на 14-то место, пред сите останати земји-членки на БРИКС, како и пред соседите од поранешниот СССР. Најблиска до Русија е Естонија, која се најде на 31-то место. Како критериум за составување на листата послужија следниве фактори: интензитет на научно-истражувачката и практичната конструкторска работа, нивото на продуктивност на трудот, застапеноста на високи технологии, процентот на истражувачи на милион жители, продуктивност на индустриското производство, нивото на образование и патентната активност. Во Русија најдобро котираат индустриското производство, нивото на образование и патентната активност. По овие критериуми, Русија го зазема второто место во светот.
Првото место го имаат САД, каде работат најголемите и престижни компании, како што се Apple, Microsoft и Google.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче