Серуски центар за истражување на јавното мислење: секој десетти жител во големите руски градови е гастарбајтер

Бројот на гастарбајтери во Москва се зголеми до 20% од целокупното население во градот.

Бројот на гастарбајтери во Москва се зголеми до 20% од целокупното население во градот. Ова го изјави раководителот на социјално-политичките истражувања во Серускиот центар за истражување на јавното мислење, Степан Љвов. Според податоците, процентуално во Москва има двојно повеќе гастарбајтери отколку во другите делови на Русија. Во Другите градови – секој десетти жител е гастарбајтер.

„Повеќето московјани го ставаат решавањето на проблемот со миграцијата на прво место, сметајќи го за поважен дури и од проблемот со транспортот“, истакна Љвов. Според податоците на истражувањето на ВЦИОМ, идејата да се заострат миграциските закони ја поддржуваат 77% од испитаниците.

„Ние доаѓаме до точката од која нема враќање: ако не го решиме овој проблем во следните три години максимум, ако не биде прифатена концепцијата на државно ниво, можеме да очекуваме општествена катаклизма“, уверен е Љвов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња