Сбербанк ги покачи каматите на потрошувачките кредити за 3 до 5,6%

Каматите за потрошувачките кредити сега изнесуваат од 17 до 25,5%; другите банки наскоро ќе ги следат чекорите на Сбербанк.

„Каматите до 25,5% камата - тоа е доста висока камата за најголемата банка во државата, што ќе предизвика раст на каматите на кредитите и кај другите учесници на пазарот“, смета соработникот на Рајфајзенбанк, Андреј Степаненко. Во Рајфајзенбанк, во моментот каматите изнесуваа од 14,9 до 23,5%, а во „ВТБ24“ - 15-28%, а кај лидерот на пазарот за кредитирање на населението, ХКФ-Банк - од 19,9 до 69,9%.

Засега Рајфајзенбанк и ВТБ24 не планираат да ја зголемуваат каматата на кредитите. Поагресивните играчи на пазарот не се уверени во таа изјава на банките. „Ние внимателно ја следиме ситуацијата на пазарот и спремни сме оперативно на неа да реагираме. Ќе ги видиме дејствата на конкурентите во првиот квартал, и не е исклучено повторно да се ревидираат каматите за некои понуди“, предупредува директорот за директни продажби на ХКФ-Банк, Евгениј Сидоров.

Кредитите на Сбербанк поскапеа поради зацврстувањето на барањата на Централната Банка. Од март двојно ќе треба да се зголемат минималните резерви за кредитите кои се даваат на населението. На овој начин Централната Банка сака да го ограничи ризичното кредитирање на населението. Во минатата година побарувачката за кредити се зголеми за 40%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.