Русија е подготвена да поддржи било која од варијантите за реформа на Советот за безбедност на ООН, која ќе добие најголема поддршка меѓу државите-членки. Ова го изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов.
„Проблемот околу реформирањето на Советот за безбедност одамна се решава во рамките на ООН. За жал, нема никаков прогрес веќе 15 години... Русија приоѓа кон ова прашање флексибилно и прагматично. Ние сме подготвени да ја поддржиме било која варијанта за реформа на Советот за безбедност“, изјави Гатилов.
Тој појасни дека руската страна е подготвена да ги разгледа и варијантите за зголемување на постојаните и непостојаните членови, и т.н. „меѓу-модел“, според кој проширувањето се предвидува само во категоријата на непостојани членови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче