Должината на колоната возила кои беа блокирани во сообраќајниот колапс во Москва на 4 февруари изнесуваше вкупно 3.500 километри. Тоа е колку растојанието од Москва до Мадрид. Застоите се предизвикани од обилните снежни врнежи: снегот паѓал во текот на целиот ден и престанал дури на 5-ти февруари.
Никој не прогнозирал вакви снежни врнежи. Снегот кој паѓал 24 часа претставува половина од просечната количина врнежи за февруари, што претставува најголема дневна количина снег во 21 век во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче