Сибирските научници ќе создадат бионаночипови за тестирање на 100 инфекции

Новосибирските научници создаваат бионаночипови за истовремено тестирање на повеќе од 100 инфекциски заболувања.

Новосибирските научници создаваат бионаночипови за истовремено тестирање на повеќе од 100 инфекциски заболувања, за чија анализа ќе биде доволна само една капка крв, им соопшти на новинарите генералниот директор на Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, Александар Сергеев.

„Заедно со Институтот за физика на полуспроводници се врши разработка на имунофизички метод со користење на биочипови на нано влакна, со последователно нанесување на антитела за идентификација во исто време на повеќе до 100 инфекциски заболувања. Само една капка, и резултатите ќе бидат познати“, изјави Александар Сергеев.

Сергеев уточни дека не постојат слични аналози во светот.

Во вторник шефот на „Вектор“ и директорот на Институтот за физика на полуспроводници, Александар Асеев, потпишале договор за научно-техничка соработка, во чии рамки ќе се одвива оваа работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња