Семејството на сопственикот на Националната резервна корпорација, Александар Лебедев, кој веќе е сопственик на весниците Evening Standard и The Independent, ќе отвори и телевизиски канал - London Live. Компанијата ESTV на Евгениј Лебедев, синот на рускиот претприемач, победи во конкурсот за добивање телевизиска лиценца, со што тој ќе добие пристап до 4 милиони домаќинства во британскиот главен град.
Компанијата ESTV ја доби локалната лиценца за емитирање во Лондон во период од 12 години, соопшти вчера британскиот телекомуникациски регулатор Ofcom. ESTV припаѓа на синот на рускиот претприемач Александар Лебедев, Евгениј, кој исто така управува со други медиумски активи на својот татко во Велика Британија. Телевизискиот канал најверојатно ќе биде пуштен во 2013 година, уточнуваат британските медиуми.
„Уверен сум дека тоа ќе го смени Лондон на подобро“, изјави вчера Евгениј на Твитер. неговиот татко вчеравечер прекина да одговара на повиците.
Во борбата за лиценцата, понудата на Лебедев ги победила сите останати четири кандидати, меѓу кои, бил и поранешниот кандидат за градоначалник на Лондон, Стивен Норис, и поранешниот шеф на Channel 4, Лук Џонсон. Ofcom, исто така, го пофалил широкиот спектар на теми кои се предлагаат, како и планот за развивање на телевизискиот канал. Првоначално е предвидено телевизискиот канал да емитува програма 18 часа на ден. Планот за првите пет години од работата на телевизискиот канал вклучува и годишен маркетиншки буџет од 5 милиони фунти.
Lonodon Live исто така планира да ги искористи и сателитските и кабелските мрежи, како, на пример, Sky и Virgin Media. Присуството само на овие две платформи може да го чини господинот Лебедев уште 1 милион фунти годишно. Во самото барање за доделување лиценца, се кажува дека трошоците за програмските содржини ќе изнесуваат 15 милиони фунти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче