Пиратската партија на Русија ќе понуди хостинг за пиратски содржини

Ресурсите на кои им грози блокирање, возможно е да преминат на странски сервери.

Пиратската партија на Русија создава специјализиран „пиратски хостинг“ - Piratehost.net, соопшти во својот блог вице-претседателот на оваа организација, Станислав Шакиров. Според неговите зборови, ова е одговор на обидите на државата и сопствениците на авторски права да го регулираат Интернет. Според податоците на партијата, од ноември 2012 година, кога започна да работи регистарот на сајтови со забранета информација, во него се вклучени повеќе од 3.300 сајтови.

„Ние немаме сопствени дата-центри, но имаме изнајмени капацитети во неколку европски и азиски држави, а исто така и договори со локалните оператори за комутација на сообраќајот“, објасни Шакиров на „Ведомости“. Тој предлага услуги за хостинг на тие проекти, кои ќе фрлат око сопствениците на авторски права, како и органите. Тоа можат да бидат ресурси со информации кои нарушуваат нечии авторски права, како и политички проекти.

Партијата се раководи не само од идеолошки побуди, но и од бизнис-мотиви: пиратскиот хостинг ќе биде платна услуга.

Кај кого партија ги изнајмува серверите за сајтовите со информации кои не одговараат на руските закони, Шакиров не одговори. Но, во принцип, таквите ресурси можат да се наоѓаат во некои хостинг центри во Холандија, Германија, Чешка, Малезија, Индонезија и т.н. Кој ја финансира партијата, Шакиров исто така, не сакаше да одговори: според неговите зборови, проектот го „поддржуваат“ како руски, така и странски „интернет-активисти“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња