Кредитните картички ги истиснуваат од финансискиот пазар традиционалните платежни средства. Во петок, на 1 февруари, Сбербанк изјави дека планира од март да ги прекине операциите за продажба и купување на чековите American Express. Пред една година од ваквите операции се откажа ВТБ24.
„Прекинувањето на операциите со интернационалните чекови American Express е поврзано со стремежот на Сбербанк да ја зголеми ефективноста на понудата и оптимизација на работата“- вака ги коментираа своите планови во кредитната организација.
Сбербанк тргува со чековите на American Express деветнаесет години, а две години (2007 и 2008) беше светски лидер според нивната продажба. Бројот на операции со чековите на американскиот платежен систем во 2007 и 2008 достигнувале и до 1 милијарда долари. Сепак, во последно време обемот на трансакции суштествено се намалува. Моменталната состојба на трансферите не се открива.
„Побарувачката на чекови се намалува. Тоа е поврзано, пред сѐ, со растот на бројот на безготовински плаќања со кредитни картички и ширење на мрежата на банкомати“, кажува началникот на управата за развој на односот со клиентите на Рајфајзенбанк, Алексеј Капустин. Според неговите зборови, клиентите сѐ почесто ги користат кредитните картички за секојдневните купувања и при пренесувањето на валута за време на патувања во странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче