Во Северната руска престолнина е отворен Музеј на ракавици. Во него едни до други се изложени дела на уметници и петербуршки ученици. Во музејот се наоѓаат 400 пара ракавици: везени, шиени, нацртани, а исто така и од амбалажа, пластелин...
Добротворната цел е главната причина за постоењето на овој музеј. Освен изложбите, во него ќе се одржуваат и креативни работилници за сирачињата. Освен тоа, овде ќе може да се донесе топла облека и прилози. „Варежка“ (ракавица со споени прсти) е симбол на заедништвото. Собираме многу нешта, а најмногу ни требаат ракавици - децата понекогаш ги губат и по три пати во текот на зимата“, изјави директорката на музејот, Оксана Румјанцева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче