Уште едно „ресетирање“ на односите САД - Русија

Дали повторно ќе се затоплат односите меѓу САД и Русија

Пред четири години, вице-претседателот Бајден го искористи терминот „ресетирање“ во Минхен, за да го означи повторното затоплување на односите со Русија. Минатата недела Бајден дојде во Германија на истата конференција во Минхен, за да даде до знаење дека САД се повторно подготвени за уште едно „ресетирање“ на односите.

Американците не сакаат поголемо влошување на односите со Русија, кои паднаа на своето дно со донесувањето на низа решенија и закони на американските законодавци, па затоа тие сè уште се надеваат на соработка, иако одбија јавно да ги кажат плановите како тоа би го направиле.

„Ние имаме вистински разлики, и ние не ги криеме нив“, изјави Тони Блинкен, кој сега се присоединува во претседателскиот национален тим за безбедност.  

Разликите се интензивираа со повлекувањето на САД од работата на невладините организации.

Американските официјални лица изјавуваат дека претседателот Обама ќе ја одбие поканата од Сергеј Лавров за посета на Русија оваа пролет. Наместо тоа, тој ќе чека до септември, кога ќе се одржи конференција на Г-20 во Санкт Петербург, Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња