Уметничкиот раководител на Бољшој е пуштен од болница

Уметничкиот раководител на балетската трупа во Бољшој, Сергеј Филин, на кој му беше извршен напад на 18 јануари, е пуштен од болница.

Уметничкиот раководител на балетската трупа во Бољшој, Сергеј Филин, на кој му беше извршен напад на 18 јануари, е пуштен од болница. Тој им се заблагодари на докторите, и им соопшти на новинарите дека е целосно закрепнат. После заминувањето од болницата, Филин планира да замине во Германија, каде ќе помине одредено време на рехабилитација.

Полицијата ја продолжи истрагата на кривичното дело. Една од причините за нападот, истражувачите наведуваат дека е професионалната дејност на Филин. Самиот Филин е уверен дека нарачателите на нападот и извршителите - се различни луѓе. Уверен е дека знае кој точно стои зад овој злочин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.