Русите ќе добијат бесплатни медицински прегледи

Владата на Русија со нов проект за профилактика.

Секој граѓанин на Русија кој е постар од 18 години, од 4 февруари ќе може да оди во својата реонска поликлиника и бесплатно да направи медицински преглед – мерење притисок, мамографија, флуорографија, анализа на крвта. Според резултатите од тестовите, граѓанинот ќе добие препораки од својот терапевт.

Оваа наредба на министерството за здравство на Русија стапи на сила н 3 февруари. Како што се кажува во документот, медицинскиот преглед – е една од формите на активната медицинска помош на населението, кој се прави за да се откријат заболувањата во рана фаза. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња