Русија мора да избере: ниска или висока технологија

Русија пред технолошка крстосница.

Со доаѓањето на нова генерација на „вселенски играчи“, кога и САД и Европа веќе преминуваат кон новата генерација на вселенска технологија и апарати, руската доминанта позиција за „вселенски превозник“ изгледа доста магловито и бесперспективно. Некои експерти сметаат дека Русија ја зазеде позицијата на „вселенски таксист“ на другите нации.

Москва засега добива профитабилни договори за испорака на товар и сателити во вселената, кои задоволуваат дури третина од буџетот на руската вселенска агенција. Но кога ќе започне да работи американскиот комерцијален превозник, заедно со зголемената продукција во Кина и Индија, и овие договори можат да бидат ставени под прашалник.

Засега Русија има право да се гордее со улогата која ја има во Меѓународната вселенска станица. Таа ги носи сите членови на екипажот до неа, како и најголем дел од товарот предвиден за станицата.

Но, таму завршува убавиот дел. Русија нема повеќе „џокери во својот ракав“. Русија нема лансирано успешна интерпланетарна или лунарна мисија веќе четврт век. Новите планирани мисии на Месечината тоа ќе го сменат, но треба да почекаме за нивните резултати. Руските метеоролошки сателити речиси и да не постојат. Русија купува 80% метеоролошките податоци од други извори.

Како Русија ќе реагира на оваа ситуација во следниве години, ќе определи каква вселенска програма ќе има целиот свет во следниве две декади. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња