Моторот во првиот степен и системот за управување кај ракетата-носач „Зенит-2S“ функционирале правилно. До овој заклучок дојдоа експертите од Федералната вселенска агенција „Роскомос“, после итната анализа на телеметриските податоци. „Анализата на документацијата, спроведена со претпријатијата кои го создадоа моторот и системот за управување покажа дека при активноста нема никакви отстапки од стандардите“, изјави прес-службата на „Роскосмос“.
Ракетата „Зенит“ беше лансирана 1 февруари од ракетно-космичкиот комплекс „Морски старт“. Летот на ракетата-носач е прекинат 40 секунди после лансирањето, веднаш после откажувањето на моторот на првиот степен. Ракетата падна во Тихиот океан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче