Научник пронајде скелет на непознато суштество на дното на ледено езеро во Јакутија

Руските научници нурнаа во леденото езеро Лабинкир, познато како „вториот Лох Нес“.

Руските научници нурнаа во леденото езеро Лабинкир, познато како „вториот Лох Нес“. Езерото се наоѓа во огромната и ретко населена источносибирска Република Саха (Јакутија). Во истражувањето учествуваа татарстанскиот нуркачки тим на чело со Дмитриј Шилер. Со самото тоа што во најстуденото време од годината тие се спуштија на дното на најстуденото езеро, научниците постигнаа подвиг, достоен за Гинисовата книга на рекорди. Температурата на водата при нуркањето изнесувала 2 степена, додека температурата на воздухот -42 степена.

Експедицијата е прва и во самиот чин на нуркање во езерото Лабинкир. Научниците порано пробаа ова езеро да го истражат со помош на сонди и сонар, но резултатите кои ги добиле поставиле повеќе прашања отколку што добиле одговори. Дмитриј Шилер за време на експедицијата направил видео-снимка на дното, собрал примероци од растителниот свет и водата од длабочината. На дното на езерото нашол остатоци од вилица и скелет на досега непознато животно.

Езерото Лабинкир се наоѓа во Ојмјаконскиот реон на Јакутија, на левиот брек на реката Индигирка, на илјада метри надморска височина и просечна длабочина од 52,6 метри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.