Русија и САД ќе потпишат нов договор за утилизација на оружјето

Русија најверојатно ќе потпише нов договор со САД за соработка во утилизацијата на застареното вооружување и борбата со распространувањето на оружјето за масовно уништување.

Русија најверојатно ќе потпише нов договор со САД за соработка во утилизацијата на застареното вооружување и борбата со распространувањето на оружјето за масовно уништување, пишува весникот „Комерсант“, надоврзувајќи се на извор во руската делегација на минхенската конференција за безбедност.

Новиот договор може да ја замени програмата Нан-Лугар (1991), во чии рамки САД им даваат на другите држави помош за утилизацијата на хемиското и нуклеарното оружје. Во 2012 година, МНЕ на Русија изјави дека условите од САД за продолжување на договорот Нан-Лугар, чие дејство завршува во јуни 2013, не одговараат на претставата на Москва за тоа како треба да изгледа соработката во таа сфера. САД изразија готовност да дискутираат по тоа прашање.

Според изворите на весникот, Москва можеби ќе потпиша нов договор, „ако тој биде основан на еднаквост и одговара на современите реалии“. Како пример посочен е договорот за утилизација на плутониум во 2010, каде двете страни преземаат еднакви финансиски обврски и рамномерно ја делат одговорноста.

Со склучувањето на новиот договор, Москва исто така, би сакала да го ограничи пристапот на американците на некои објекти, пишува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња