Создавањето на заедничко претпријатие со „Итера“, ѝ помогна на „Роснефт“ да прикаже најголем годишен приход во целата своја историја. Зделката, исто така, ѝ дозволи на компанијата да покаже раст на експлоатацијата на гас за 28%.
Според резултатите објавени во петокот, чистиот профит на „Роснефт“ пораснал за 7,2%, односно на 342 милијарди рубљи (речиси 840 милиони евра). Како еден од факторите кои влијаеја на растот, во компанијата е наведен договорот за купување на 51% во заедничкото претпријатие со „Итера“ за сума од 65 милијарди рубљи. „Роснедт“ и „Итера“ во август го завршија создавањето на заедничкото претпријатие, во кое се внесени активите на „Итера“ и дел од „Роснефт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче