Новиот државен секретар на САД наскоро ќе ја посети Русија

Новиот државен секретар на САД, Џон Кери, ќе ја посети Русија наскоро.

Новиот државен секретар на САД, Џон Кери, наскоро ќе ја посети Русија. Ова го соопшти министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров веднаш после средбата со американскиот вице-претседател Џо Бајден во рамките на Минхенската конференција за безбедност.

„Џо Бајден потврди дека Џон Кери ја доби мојата покана да ја посети Русија, и смета дека тоа ќе го направи наскоро“, изјави Лавров.

Џон Кери, новиот државен секретар на САД, денес ќе стапи на својата функција. Со него, според мислењето на дипломатите, е возможен квалитетен дијалог.

„Да се работи со него е лесно, бидејќи тој е принципиелен човек во исполнувањето на договорите во детали - дури и во одговорите на писмата. Тој има добри односи со руската амбасада во Вашингтон“, ваква оценка доби Џон Кери од шефот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни односи, Михаил Маргелов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.