Меѓународната вселенска станица со честитки за јубилејот за Победата под Сталинград

Честитки од вселената по повод Сталинградската битка.

Руските космонаути - членови на меѓународниот екипаж на долгорочната експедиција на МВС 34/35, се приклучија кон празнувањето на 70-годишнината од Победата под Сталинград. Олег Новицки, Евгениј Тарелкин и Роман Романенко им го честитаа на жителите на Волгоград и сите жители на планетата Земја големиот јубилеј.

„Победата во Сталинградската битка го измени светот, определувајќи ја неговата понатамошна историја. Храброста на хероите кај Сталинград дозволи целото население на планетата да живее во слободен свет. Луѓе од планетата Земја! Одовде, од вселената, посебно силно се чувствува колку е кршлив и уникатен нашиов свет. Чувајте го!“, гласи дел од обраќањето на космонаутите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња