Бразил ќе го купи рускиот „Панцир“

Русија и Бразил подготвуваат нов договор за продажба на оружје.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Бразил, генерал Жозе Кардуш ди Нарди, вчера ги откри плановите за купување од Русија на две батерии од мобилниот зенитно-ракетен комплекс „Игла“ и три батерии од системот за противвоздушна одбрана „Пнацир-С1“. Според зборовите на извори на „Комерсант“, државите разговараат за техничките детали околу зделката и нејзината реализација. Според податоците на „Комерсант“, Русија ќе се согласи на давање на лиценцата на Бразил за склопување на ова оружје, а последната ќе се откаже од купување, бидејќи склопените „Игли“ и „Панцири“ ќе се сметаат за бразилска продукција. Зделката може да ѝ донесе на Русија повеќе од 1 милијарда долари.

Според изјавите на бразилскиот генерал, Војската на Бразил не е заинтересирана само за купување на три батерии „Панцир-С1“ (од 12 до 18 возила) и две батерии „Игла“, туку и за трансфер на технологијата за тоа вооружување, заради изградба во Бразил на фабрика за нивно склопување.

„Договорот за трансфер на технологијата е добра за двете страни. Веднаш штом Бразил добие можност за производство на „Панцирите“, нема да има потреба да објавува меѓународен тендер за купување ПВО, бидејќи оружјето кое ќе се произведува по лиценца ќе се смета за бразилско, а со тоа ние (руската страна) гарантирано без никаква конкуренција ќе ги добиеме нашите пари“, кажува соговорникот за „Комерсант“. Весникот тврди дека оваа шема е пригодна и за другите видови воена продукција. „Ситуацијата на пазарот на оружје е таква, што тендерите умираат, а многу земји се подготвени да работат само со создавање на заеднички претпријатија. Ние не можеме да ги затвораме очите на тоа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.