Во Русија е регистрирана партија на Козаците

Партијата на Козаците на Руската Федерација (КаПРФ), официјално е регистрирана во Министерството за правда на Русија.

Партијата на Козаците на Руската Федерација (КаПРФ), официјално е регистрирана во Министерството за правда. Партијата ја предводи заменикот-губернатор на Ростовската област, Сергеј Бондарев. Според изјавите на КаПРФ, козачката партија се подготвува уште оваа година да учествува на избори.

Основачкиот конгрес е одржан во Подмосковје во 2012 година. Во програмата на партијата се наведува дека таа ќе се бори за почитување на козачката традиција и начинот на живот. Освен ова, козаците сакаат да ја подобрат соработката со органите на власта и да стекнат широка поддршка од граѓаните на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња