Ѕвезди од светската рок сцена одржаа концерт во Москва

Група на рокери од САД, Велика Британија и Русија настапија во петокот во рускиот главен град.

Група на рокери од САД, Велика Британија и Русија настапија во петокот во рускиот главен град. Проектот со име „Ѕвезди на класичниот рок“ го одржа првиот концерт во рамките на турнејата по Русија. Во групата влегоа Џон Кораби, Крег Голди, басистот Грег Смит и тапанарот Крис Слејд, како и Боби Рондинели.

За да ја демонстрираат сериозноста на своите намери, тие го започнаа шоуто со песната од која душата замрзнува „The Gates of Hell“ на британската група „Black Sabbath“. После неа следуваше „Paranoid“.

Од репертоарот на глем-рокерите беа интерпретирани „Live Wire“ (1981), „Home Sweet Home“ (1985).

Концертот беше „богат“ со песни од следниве групи: Black Sabbath, AC/DC, Deep Purple, Queen, Led Zepellin и доста други, кои создадоа неверојатна атмосфера во Москва.

Во светот денеска постојат огромен број групи кои свират класичен рок, но секстетот кој настапи во Москва се разликува од мнозинството. Уште од првите минути стана очигледно дека тие луѓе ги обединува безгранична страст кон музиката која тие ја свират со таков неверојатен „драјв“. Следните станици на оваа група се Иваново, Саратов, Владикавказ и Краснодар, а после мала пауза ќе следува вториот дел од нивната турнеја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња