Роман Абрамович за 112 милиони долари купил дел од компанијата „Труфон“

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович купи дел од компанијата „Труфон“.

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович купи дел од компанијата „Труфон“ која работи во областа на телекомуникациите. Како што соопшти во петокот електронската верзија на лондонскиот весник „Financial Times“, тој купи речиси четвртина од фирмата за 112 милиони долари.

Според податоците на весникот, инвестицискиот фонд на Абрамович, „Минден“, купи 23% од холдингот.

Британската компанија „Труфон“ дава услуги од областа на комуникацијата и Интернет. Фирмата работи во САД, Велика Британија и Австралија, и во оваа година планира да го прошири бизнисот во Холандија, Хонгконг, Полска, Германија и Шпанија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња