Путин: Верските екстремисти ги очекува пропаст

„Верските екстремисти нема да успеат да ги заплашат свештениците, следбеници на традиционалниот ислам, на кои државата ќе им пружа поддршка“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на состанокот со своите ополномоштени претставници во федералните окрузи.

„Меѓунационалната хармонија треба константно да се одржува. Случувањата од последниве неколку години сведочат за јакнење на активноста на верските екстремисти од најразлични видови и од најразлични вери. Познати се случаи на убиства или обиди за убиства на исламски свештеници. Против следбениците на традиционалниот ислам практично се води вистинска терористичка војна. Екстремистите се обидуваат да ги заплашат нив на различни начини и да им го одземат правото да разговараат со верниците“, рече Путин.

„Што се однесува до застрашувањето, уверен сум дека оние кои се занимаваат со тоа, ги очекува тотална пропаст, бидејќи задача на секој свештеник не е само работата, туку и служење на Севишниот, Господ, на луѓето. Таквите луѓе не можат да бидат заплашени. Сепак, очигледно е дека им е потребна нашата поддршка и помош. Таа помош и поддршка мора да биде ефикасна“, нагласи Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња