Владата на Сирија ја контролира ситуацијата со хемиското оружје и нема основа за страв, изјави во саботата шефот на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
„Ние имаме информација и сме уверени дека засега владата на Сирија ја контролира ситуацијата (со хемиското оружје)“, изјави тој на 49-та Минхенска конференција за безбедност.
Лавров соопшти дека Москва секојдневно комуницира со своите партнери од Сирија за ова прашање.
„Сериозна опасност ќе се појави доколку бунтовниците дојдат до тоа оружје. Но засега ситуацијата не дава поводи за сомнежи“, изјави шефот на МНР на РФ.
Конфликтот во Сирија трае од март 2011, а досега се смета дека има од 20 до 30 илјади жртви во конфликтите. Властите на Сирија изјавуваат дека се судираат со отпор на добро вооружени групи, кои имаат поддршка однадвор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче