Изградбата на првата атомска централа во Белорусија оди побрзо од планираното. Ова го соопшти генералниот директор на државната корпорација „Росатом“, Сергеј Кириенко, среќавајќи се во Минск со премиерот на Белоруија, Михаил Мјасникович.
„Ние веќе градиме 19 нуклеарни блокови вон Русија. Ни сакаме и колегите од Бангладеш, Виетнам, каде исто така се градат нуклеарни централи, да ги поканиме овде за да видат како напредува изградбата“, забележа Кириенко. „Оваа станица е пример за тоа како треба да изгледа изградбата и на другите станици“.
Кириенко не ја исклучува можноста за создавање на документарен филм за изградбата на првата белоруска атомска централа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче