Осум руски банки влегоа во 500-те најскапи финансиски компании во светот според The Banker и BrandFinance. Општо земено, финансиските компании во Русија „поскапеа“ за 453% од кризната 2008 до сега.
Американската банка Wells Fargo е најскапа финансиска компанија во светот во 2013 година. Вредноста на таа банка е оценета на 26 милијарди долари. Во минатата година го заземаше второто место со 23 милијарди долари.
Руската државна банка Сбербанк го зазеде 13-то место во светскиот рејтинг. Меѓу руските банкарски „бредови“, Сбербанк веќе со години уверено го држи првото место, а меѓу европските - четвртото. Вредноста на Сбербанк се проценува на 14,16 милијарди долари. За една година оваа банка се искачи за 4 позиции, со зголемување на вредноста од 3 милијарди долари.
Другите руски банки ги зазедоа следниве места:
ВТБ - 87 место
Московска Банка - 104 место
Росбанк - 241 место
Номос-банк - 358 место
Транскредитбанк - 425 место
Возрождение - 430 место
Уралсиб - 403 место.
Руските банки „поскапеа“ за 453% од кризната 2008 година до сега. Вредноста на сите банкарски „бреднови“ во светот порасна за 15% - до 762 милијарди долари во 2012, до 860 милијарди долари во 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче