Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

На 2 февруари 1942 година, почина Данил Хармс, руски писател кој ја имал истата судбина како и стотици други кои не го поддржувале соцреализмот.

На 2 февруари 1942 година, почина Данил Хармс, руски писател кој ја имал истата судбина како и стотици други кои не го поддржувале соцреализмот.

Долго време делата на Хармс официјално не се издавале во Советскиот Сојуз. Сѐ до времето на „Перестројката“, неговото творештво одело од рака на рака, се издавало во странство. Дури кон средината на 90-те години, Хармс зазеде едно од главните места на писателите кои твореле во 1920-30 години.

Тој е роден во 1905 година во Петербург, а вистинското име му е Данил Иванович Јувачов. Во периодот кога заминал кај неговата тетка во 1919, тој почнал да ги пишува своите први дела. Есента 1924 година, Хармс се запишал на Вишото техничко училиште во Ленинград. Во текот на 1925 година тој се запознал со писателот Александар Иванович Веденски, како и со други поети во градот.

Кон крајот на декември 1931 година, Хармс и неговите пријатели и соработници биле уапсени, а ослободени со 1932 година. Тие биле обвинети дека свесно ги одвраќаат децата и работниците од изградбата на социјализмот. На 13 јули 1932 година Веденски и Хармс се депортирани во Курск, каде живееле заедно во двособен стан, а на 18 ноември истата година, тие се вратиле во Ленинград. Во 1934 година Хармс се жени со Марина Владимировна Малич.

На 23 август 1941 година Хармс бил повторно уапсен, а на 2 февруари 1942 година тој починува во затворската болница во Новосибирск.

Во Македонија Данил Хармс единствено е познат од изданијата на „Темплум“ - „Случаи“ и „Старица и други раскази“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња