Кипарскиот претседател изјави дека Русија е спремна да се придружи на Европската Унија во планот за доделување на спасувачки финансиски пакет за неговата земја, која е на прагот на една од најголемите финансиски кризи.
Димитрис Христофиас изјави дека Владимир Путин го уверил дека Москва „е спремна да понуди помош“ на Кипар во телефонскиот разговор кој го имале. Христофиас не спомна колку Русија ќе понуди, но изјави дека помошта од Русија „може да ја спаси“ земјата.
„Нормално е Руската Федерација да сака Кипар да добие помош од ЕУ. Сепак, Кипар е членка на Европската Унија. Но во исто време, како стар пријател на Кипар, Русија сака да помогне во соработка со ЕУ“, изјави претседателот на Кипар за новинарите во Белград.
Кипарскиот министер за финансии, Васос Шиарли изјави за Associated Press дека руската помош за Кипар е „можна“ и дека „е само прашање на време“.
Кипар се обидува да се договори со своите европски партнери за сума од околу 17 милиони евра, колку што изнесува и БДП на Кипар - со цел да се спасат банките и стагнирачката економија. Оваа сума веднаш кај другите го поставува прашањето - дали Кипар ќе може да го исплати овој заем, бидејќи се предвидува економијата на Кипар оваа година да падне за 3,5%, а невработеноста да се искачи на 14%. Кипар веќе доби 2,5 милијарди евра од Русија во 2011 година, кога веќе не можеше да позајмува од меѓународните финансиски пазари. Во 2012 година, Кипар побара дополнителни 5 милијарди долари од Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче