Позитивни вести кружат за проектот „Руска библиотека“, кој Русија го најави во јуни минатата година на саемот на книгата BookExpo во Њујорк. Уште тогаш беше кажано дека ќе се започне со серија од 125 тома кои ќе го претстават руското писателско слово од 12 век, па се до современите дела, во превод на англиски јазик.
Колку ќе биде популарен проектот „Руска Библиотека“, тешко е да се каже. Читателите од англиското говорно подрачје, како и секогаш, ја сакаат „Ана Каренина“, „Браќата Карамазови“, расказите на Чехов. Ќе се прошири ли со нови преводи списокот на писатели и дела? Да, и затоа англиската читачка публика ќе има нови моменти и дела поради кои вреди да се заинтересира за овој нов проект.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче