Вооружените сили на Венецуела добија нова партија руско вооружување. Новото оружје содржи самоодни хаубици „Мста-С“ и зенитно-ракетни комплекси „Печора-2М“, соопшти за РИА Новости директорот на Центарот за анализа на светската трговија со оружје, Игор Которченко.
Русија во 2010 година ѝ даде на Венецуела кредит во големина од 2,2 милијарди долари. Дел од тој кредит Венецуела го искористи за купување на руско оружје и воена техника.
Освен овој вид наоружување, Венецуела планира да набави и зенитно-ракетни комплекси „Бук-М1-2“ и „С-300ВМ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче