Русија го ограничува увозот на американско говедско и свинско месо

Русија го ограничува увозот на американско месо.

Во декември минатата година, Росселхознадзор ги засили правилата за Новиот Свет за увоз на месо кој содржи рактопамин. Сепак, САД ги игнорираа новите правила за увоз и ги продолжија доставките на место, не обраќајќи внимание на новите барања на руската институција. И не само тоа, американците побараа од Русија да се откаже од новите нормативи. Руската ветеринарна служба не се помири со оваа состојба, и од 11 февруари го ограничи увозот на месо од САД.

Рактопамин е додаток во храната која се користи за зголемување на мускулната маса кај свињите и крупната стока. Бразил, Канада и Мексико изразија подготвеност на извезуваат на рускиот пазар месо според новите правила, и побараа пауза за соодветна подготовка. Во текот на транзицискиот период, ветеринарните служби на државите-доставувачи се обврзаа да создадат систем за лабораториски проверки на продукцијата за да се утврди дали има или нема рактопамин во местото. Само американците ја обвинија Русија за нарушувања на правилата на СТО и побараа да го повлечат своето решение.

После многукратни предупредувања, Росселхознадзор соопшти дека на 11 февруари сепак, ќе воведе ограничувања за американското место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.