Отворена е нова рубрика „Блогови“ на нашата интернет-страница

Нова рубрика на нашата интернет-страница

Почитувани читатели на Руска реч на македонски, од 1 февруари 2013 година, на нашата интернет-страница започнуваме со рубриката Блогови. За нас пишуваат: Билјана Ванковска – универзитетски професор и колумнист, Ристо Никовски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација и Трајче Стојанов, универзитетски професор и познавач на руската социјално-политичка мисла. Следете ги нивните ставови, анализи и мислења за руско-македонските состојби и односи.

Еднаш месечно на интернет-страницата на Руска реч на македонски, ќе имате уникатна можност се запознаете со нивните текстови кои ќе ја доближат вашата претстава за Русија, но и ќе помогнат низ креативна и конструктивна дебата, да се интензивираат македонско-руските релации и да се продлабочи соработката и разбирањето помеѓу двата народа и култури.

До рубриката „Блогови“, можете да пристапите преку следнава врска

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.