Наградени новинари од проектот Russia Beyond the Headlines во кој влегува и Руска реч на македонски

Награди за новинари од RBTH.

На 29 јануари, Рускиот совет на меѓународни работи, во партнерство со списанието „Меѓународен живот“ и Сојузот на новинари на Русија, ги даде резултатите од првиот Серуски конкурс на млади новинари кои се занимаваат со меѓународните вести.

Во списокот на 33 номинирани во различни номинации се најдоа двајца соработници на меѓународниот проект на „Росијскаја газета“, Russia Beyond the Headlines: Артјом Загороднов и Екатерина Забровскаја. Само за потсетување, во проектот RBTH влегува и Руска реч на македонски.

Во конкурсот учествуваа вработени и соработници во руските печатени и електронски медиуми во возраст од 22 до 35 години, кои имаат објавено авторски материјали од меѓународна проблематика. Конкурсот имаше три номинации: најдобра аналитичка статија, најдобро интервју и најдобра репортажа. И сето тоа – за меѓународните случувања.

Извршниот уредник на американската редакција на RBTH, Артјом Загороднов го доби второто место во номинацијата „Најдобра репортажа“, за објавувањето на материјалот за подготовка за самитот АТЕС во Владивосток во 2012 година. Притоа, својата репортажа, Артјом ја напиша на англиски јазик.

Третото место за „најдобро интервју“, според решението на жирито, го зазеде уредникот на австралиската редакција на RBTH, Екатерина Забровскаја, за материјалот „Русија и Австралија треба да го пополнат информациониот вакуум“. Според зборовите на Екатерина, таа ја исполни мечтата на својата баба, тргнувајќи по патот на меѓународното новинарство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња