На „Гаспром“ најмногу му плаќаат Македонија и Полска

„Известија“ дозна дел од центие на рускиот државен монопол за европските потрошувачи.

Руското дневно издание „Известија“, познат со своите публикации од сензационалистички карактер, доби информација од извор близок до „Гаспром“ во врска со цените на гасот за европските клиенти. Според наводните податоци од „Известија“, најголеми цени за гас плаќаат Македонија и Полска.

„Гаспром“ никогаш официјално не ги открива цените за својата продукција за конкретни европски држави. Еврокомисијата се обиде да ги дознае цените за сите услови во договорите со „Гаспром“, но засега тоа не успеала да го направи. Податоците за цената на гасот за странските потрошувачи се појавуваат одвреме-навреме, и тоа најчесто за време на „војните за гас“, како што беше случајот со Украина. Познато е дека за време на 2012 година, Украина му платила на „Гаспром“ 416-432 долари за илјада метри кубни (цената растела во текот на годината).

Според податоците на „Известија“, средната цена за гас за европските држави во текот на првото полугодие изнесувала 413,1 долар. За пет држави цената дури надминувала 500 долари. Поскапо од другите плаќале Македонија (564,3 долари за илјада кубни метри гас),  Полска (525,5 долари), Босна (515,2 долари), Чешка (503,1 долар) и Бугарија (501 долар), Србија (476,7 долари), Грција (476,7 долари). Рускиот државен монопол врши испорака во државите во Европа по одделни договори, притоа цената се колеба соодветно светските цени на нафтата. Притоа, почетната цена во договорот индивидуално се одредува. Поскапо плаќаат тие држави, кои немаат други алтернативи за испорака, забележува аналитичарот на „Капитал“, Виталиј Крјуков.

Македонија и Босна целосно зависат од „Гаспром“, Бугарија – 90%. На цената влијае и испораката по гасоводите, во зависност од тоа колкава количина ќе се испорача. Најевтин гас, „Гаспром“ продава во Велика Британија (313,4 долари од јануари до јуни 2012). Ова е најконкурентен регион во Европа, а учеството на „Гаспром“ на тој пазар изнесува само 10%.

„Известија“ е познат медиум по своите сензационални изјави, дел од кои не се проверени. Коментари од „Гаспром“ после оваа вест нема, бидејќи „Гаспром“ не ги соопштува цените со кои тргува. Руска реч на македонски ќе го следи развитокот на оваа вест. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња