Русија е повеќе подложна на закани од сајбер-криминалот и сајбер-тероризмот, отколку САД, изјави за РИА Новости Евгениј Касперски, генерален директор на „Лабораторија Касперски“.
„Русија презема недоволен број мерки за да се осигура од сајбер-опасностите и нема доволна експертиза за овие прашања. Америка посериозно им пристапува на овие прашања и проблеми, и има повисок степен на развој на IT и поголема експертиза“, изјави Касперски после настапот на конференцијата во Њујорк.
Многу корпорации, посебно од финансискиот профил, се мета на илјадници напади на ден, при што овие напади немаат тенденција на намалување, туку обратно, тие постојано се зголемуваат. Хакерите-самотници се трансформираат во мали, па во поголеми сајбер-синдикати кои претставуваат огромна закана за компјутерските системи, но и влегуваат во сферата на интерес на терористичките групи. Во исто време, државите немаат создадено ниту еден механизам за противдејство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче